Хроника

Дете за малку избегна трагедија во Драчево: додека тренирало почувствувало удар во грбот, а потоа до него било пронајден куршум од огнено оружје!

Драма се случила за време на тренинг во двор на основно училиште во скопско Драчево, откако малолетник почувствувал удар во грбот, а веднаш потоа до него било пронајдено зрно од огнено оружје.

Случајот во полиција го пријавил неговиот татко, 37-годишниот Д.М. од Скопје. Според пријавата, инцидентот се случил во четвртокот вечерта, околу 19:45 часот, додека детето тренирало во училишниот двор.

Малолетникот не бил повреден. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување од каде било испукано зрното.

Најнови вести од: Хроника

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на луѓето, структурите и паричните текови зад трговијата со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги и е насочена кон унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на криминалистичките и финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.

To top