Регион

Брнабиќ: Пристапот на ЕУ кон Македонија е крајно неправеден

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, на меѓународната безбедносна конференција ГЛОБСЕК во Прага предупреди дека пристапот на Европската унија кон Северна Македонија е крајно неправеден и сериозно го поткопува кредибилитетот на Унијата.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, на меѓународната безбедносна конференција ГЛОБСЕК во Прага предупреди дека пристапот на Европската унија кон Северна Македонија е крајно неправеден и сериозно го поткопува кредибилитетот на Унијата.

„Тоа што се случува околу Северна Македонија едноставно не е праведно. Тоа е толку нефер што не може никому во светот да му се објасни. Државата го промени името, а за возврат не доби ниту датум за почеток на преговорите“, истакна Брнабиќ за време на дебатата „Како надвор од чекалната – ново промислување на проширувањето“.

Таа додаде дека таквиот однос предизвикува страв кај граѓаните во однос на какви било идни уставни измени, бидејќи постои ризик некоја земја повторно да измисли ирационален билатерален спор и да го блокира процесот.

Поранешниот австриски канцелар и министер за надворешни работи, Александар Шаленберг, се согласи со нејзините оценки, нагласувајќи дека македонскиот случај јасно покажува дека ЕУ не смее повеќе да дозволува внесување на стари билатерални историски спорови во процесот на проширување.

Тој го посочи фактот што на Грција ѝ беше дозволено да го внесе историскиот спор во пристапниот процес како негативен преседан. Шаленберг предупреди дека доколку се продолжи со таква пракса, ниту една земја нема да може да влезе во ЕУ поради внатрешно-политички популизам.

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

Најнови вести

To top