Македонија

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на свечената академија „Од слово до вечност“ во црквата „Света Софија“ во Охрид порача дека делото на светите браќа Кирил и Методиј и денес испраќа моќна и современа порака – дека секој народ има право на образование, култура, духовен израз и свој јазик.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на свечената академија „Од слово до вечност“ во црквата „Света Софија“ во Охрид порача дека делото на светите браќа Кирил и Методиј и денес испраќа моќна и современа порака – дека секој народ има право на образование, култура, духовен израз и свој јазик.

„Во едно време кога писменоста била привилегија на малкумина, тие испратиле порака која и денес е современа и моќна – дека секој народ има право на образование, култура и на свој јазик. Токму затоа нивното дело е поголемо од историски настан. Тоа е победа на светлината над темнината, победа на знаењето над покорувањето“, рече Мицкоски.

Премиерот предупреди дека народ кој не ја познава својата писменост и култура лесно станува туѓ во сопствената историја.

„Тоа не е само историска поука, ова е и современо предупредување“, истакна тој.

Мицкоски посочи дека во време на брз технолошки напредок, вештачка интелигенција и глобализација, образованието е поважно од кога било досега.

„Вистинското образование не е акумулација на информации, тоа е способност на човекот да разликува вистина од манипулација, вредност од привид. Образованието е најмоќното оружје со кое можеме да го промениме светот, а и најсилниот штит со кој еден народ ја брани својата иднина“, порача премиерот Мицкоски.

Целото обраќање

Свечена академија по повод Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top