Свет

Ноќ на ужас во Киев – Русија демонстрира моќ со „Орешник“ (ВИДЕО)

Според досегашните информации, во нападот загинале четири лица, а повредени се над 80, меѓу кои и цивили.

Русија во ноќта меѓу 23 и 24 мај изврши еден од најтешките комбинирани напади врз Киев и околината од почетокот на војната, при што беа истрелани околу 90 ракети и 600 дронови.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека меѓу истрелениот проектил имало 36 балистички ракети, од кои дел не биле пресретнати. Во нападот, според украинските власти, за првпат во Киевскиот регион е употребена и новата руска ракета со среден дострел „Орешник“.

Според досегашните информации, во нападот загинале четири лица, а повредени се над 80, меѓу кои и цивили. Оштетени се станбени згради, училишта, инфраструктура и водоснабдителни објекти.

„Орешник“ – третпат во војната

Украинските воздухопловни сили потврдија дека „Орешник“ бил лансиран од полигонот Капустин Јар во Русија и дека удрил во регионот на Била Церква во Киевската област. Ова е третпат од почетокот на војната Русија да го употреби ова оружје, кое Москва го промовира како хиперсонично.

Руското Министерство за одбрана нападот го квалификува како „удар на одмазда“, тврдејќи дека целите биле воени објекти, авиобази и капацитети од украинскиот одбранбен комплекс. Русија ги користи ракетите „Орешник“, „Искандер“, „Кинжал“ и „Циркон“.

Реакција од Зеленски

Претседателот Зеленски го осуди нападот како директно насочен против цивилното население и градската инфраструктура. Тој истакна дека таквите напади не смеат да останат без последици и повторно повика на посилна поддршка од западните сојузници, особено за противвоздушна одбрана.

Најнови вести од: Свет

Новиот пристап на ЕУ предизвика остра критика кај новинарите

Иницијативата на Советот на Европската Унија да поканува инфлуенсери (креатори на содржини) на самитите на лидерите и министерските состаноци предизвика остра реакција кај новинарите кои редовно ги следат работите на ЕУ.

САД и Иран блиску до договор, но остануваат неколку клучни разлики

Иранската новинска агенција „Фарс“ ја демантира изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормускиот Теснец ќе биде целосно отворен, велејќи дека теснецот ќе остане под иранска контрола.

To top