Македонија

МНР со силна осуда на руските напади врз Украина

Од Министерството ја повторија поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во услови на продолжени напади и ескалација на конфликтот

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија преку објава на социјалните мрежи остро ги осуди најновите масовни ракетни и дронски напади на Русија врз Украина.

Министерството наведува дека нападите биле насочени кон Киев и други региони во земјата, при што имало цивилни жртви и значителна штета врз критичната инфраструктура.

„Силно ги осудуваме последните големи ракетни и дронски напади на Русија против Украина“, се наведува во објавата.

Од Министерството повторија поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во услови на продолжени напади и ескалација на конфликтот.

Ноќ на ужас во Киев – Русија демонстрира моќ со „Орешник“ (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top