Во својата колумна со наслов „Народ на туѓи херои“ Сермент Сулејмани натаму изнесува: Нормалниот човек, се разбира, останува збунет. Како можеш да бидеш и Словен кој дошол на Балканот по 6-7 век, и потомок на Александар Велики, кој починал седум века пред Словените да се спуштат на овие земји?
Ова е исто како јас да изјавувам дека сум правнук на Наполеон само затоа што носам шапка и сакам коњи. Но не, тие не се откажуваат од своите приказни. Напротив. Колку повеќе време поминува, толку повеќе им се зголемува апетитот за историја. Одамна почнале да собираат историски личности како да се поштенски марки. Александар? – Нивен. Мајка Тереза? – Нивна. Скендербег? – И тој, малку нивен. Всушност, ако работите продолжат вака, утре ќе чуеме дека дури и Одисеј се изгубил, додека го барал Скопско покрај течението на Вардар. Ние, Албанците, за да не им ја расипеме забавата на нашите сограѓани, станавме многу великодушен народ. Тие не нè прифаќаат како рамноправни во оваа земја, а ние им велиме: „Ако сакате, земете го и Адем Јашари!“
„Бидејќи нашите македонски соседи имаат голем проблем: нивната историја е како ергенски плакар, полупразен, полу со туѓа облека. Овие плагијатори продолжуваат да живеат меѓу две огледала: во едното го гледаат Александар со меч, во другото се гледаат себеси со словенски пасош. Размислуваат на српски, пеат на српски, пцујат на српски, а потоа се прашуваат зошто не можат да избегаат од својот древен сон. Затоа понекогаш и самите изгледаат збунети. И на крајот, човек не знае што да каже. Дали треба да ги наречеме древни? Дали треба да ги наречеме Словени? Дали треба да ги наречеме Срби или Бугари? Или треба да ги оставиме таму каде што одамна се: ни месо ни риба!“ – завршува овој „аналитичар“ во писанието, кое е објавено на интернет-порталот на информативната агенција Илирија-ИНА