Македонија

Кекеновски: Изјавата „нема повеќе идентитетски отстапки“ не е противевропска порака, туку поставување „црвена линија“! Глас на крената глава, а не на подвиткан грбник!

„Во македонската политика долго време недостигаше чувствтоо дека државата разговара со Европа исправено, а не со наведната глава и со подвиткан грбник. Затоа пораките што премиерот Христијан Мицкоски ги испрати од Охрид, по средбата со Андреј Пленковиќ, заслужуваат внимателно читање, а не автоматски аплауз или автоматска осуда. Да се каже дека Македонија останува посветена на Европската Унија, а истовремено да се признае дека процесот одамна престана да биде чисто европски и се претвори во билатерален лавиринт не е радикализам. Тоа е констатација што денес тешко може сериозно да се оспори.“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Конечно гласи јазик што не звучат понижено.“

Натаму Кекеновски истакнува: Проблемот не е во Европа како идеја. Проблемот е што Македонија со години добиваше порака дека секоја нова отстапка ќе биде „последната“. Секој компромис требаше да ја отвори вратата, а секоја нова врата водеше до нов услов. Во таква атмосфера, сосема е природно кај граѓаните да се создаде чувство дека критериумите не се исти за сите. Токму затоа изјавата дека „нема повеќе идентитетски отстапки“ не треба да се чита како антиевропска порака, туку како обид конечно да се постави црвена линија. Секој државник што има минимално чувство за себе би го направила истото. Европа не смее да бара од земјите-кандидати да се откажуваат од сопственото чувство за национален континуитет за да докажуваат дека се „доволно европски“.

Секако, ваквиот став носи ризици. Полесно е да се ветува брз напредок отколку да се соопшти дека можеби ќе следува подолг и потежок пат. Но политиката не е само трговија со надеж, туку и управување со реалноста. А реалноста е дека Македонија предолго влегуваше во непринципиелни преговори на своја штета во кои однапред бевме ставени во дефанзива. Добро е што премиерот Мицковски паралелно зборува и за реформи, за Планот за раст и за Реформската агенда. Затоа што ако веќе европскиот пат е блокиран од политички причини, тогаш единствениот разумен одговор е државата внатрешно да стане поевропска, со институции, економија и систем, а не само со декларации.

Особено важна е и пораката дека партнерствата во регионот мора да се градат стратешки. Договорот со Хрватска не е спектакуларна геополитика, но е пример како се создаваат сојузништва со држави што поминале низ сличен пат и знаат што значи долгото чекање пред европските порти. Секако, оваа влада ќе треба да покаже дека зад цврстата реторика има и реални резултати. Патриотизмот без реформи брзо се претвора во политички фолклор. Но исто така е точно дека реформите без достоинство ја претвораат државата во вечен кандидат што постојано нешто докажува, а никогаш не стигнува до целта.

Република Македонија не треба да се откажува од Европа. Но, исто така, не треба повеќе да се однесува како ученик што постојано бара дозвола да биде тоа што е. Европа може да нè прифати или да нè одбива, но конечно мора да разбере дека Македонија и Македонците имаат достоинство, став и национална самосвест и дека повеќе не сакаат да чекорат кон Европа со свиткан грбник, заклучува професорот Кекеновски во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top