Македонија

Македонија високо позиционирана според конкурентноста и иновациите во регионот

Македонија добро позиционирана според конкурентноста и иновациите. Сите македонски региони се рангирани во топ 20 во регионот, а најдобри резултати покажале скопскиот и југоисточниот регион – покажа истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики. Главни двигатели на иновациите и знаењата се странските инвеститори кои користат високи технологии.

Македонија е добро позиционирана на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, кој ги анализира состојбите и капацитетите за развој на иновациите и конкурентноста во регионот. Индексот беше презентиран на настан организиран од Центар за истражување и креирање политики во соработка со Фондација Конрад Аденауер. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека Владата веќе преминува од креирање регулативи кон директни инвестиции во иновации и дигитална трансформација.

  • Минатата година ги поставивме правилата преку новиот закон за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, а годинава веќе директно инвестираме во иновациски процеси – рече Андоновски.

Тој посочи дека поддршката се реализира преку два европски дигитални иновациски хабови – ИНОФЕИТ ЕДИХ и ДИГИТ-МАК, кои ги поврзуваат универзитетите, стопанските комори и приватниот сектор со цел забрзување на дигиталната трансформација.

Според Андоновски, дополнителен импулс ќе даде и Центарот за вештачка интелигенција „Везилка“, кој треба да овозможи поширока примена на алатките за вештачка интелигенција и во јавниот и во приватниот сектор.

Директорката на Центарот за истражување и креирање политики, Марија Ристеска, информираше дека индексот ги анализирал Bosnia and HerzegovinaAlbaniaSerbia и Macedonia. Таа нагласи дека скопскиот регион е третопласиран на листата, додека сите македонски региони се рангирани меѓу првите 20. Според неа, особено добро се позиционирани Скопскиот и Југоисточниот регион, благодарение на продуктивноста, извозот и додадената вредност.

Ристеска посочи дека индексот се базира на 13 индикатори, меѓу кои продуктивност, иновации, истражување и развој, интернет-пристап, патенти, извоз и странски директни инвестиции. Сепак, таа оцени дека државата сè уште заостанува зад Србија, особено во делот на истражување и развој, како и во продуктивноста.

  • Потребни се повеќе инженери и посилна дигитална трансформација на компаниите за да се зголеми продуктивноста и конкурентноста на економијата – истакна Ристеска.

Од Фондација Конрад Аденауер порачаа дека иновациите се клучни за подобрување на животниот стандард и економскиот развој на регионот на Западен Балкан.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Нема рок кога ќе се врати водата за пиење во Гостивар

„Сакаме да бидеме максимално сигурни , значи се следат пробите, секој ден од повеќе кориснички места се земаат проби, кога повеќе од нив ќе бидат соодветни, ќе може да се користи водоводот., вели министерот за здравство

To top