Македонија

Од денеска: Со Б категорија може да се вози мотоцикл до 125 cm³ по обука

Од МВР апелираат до граѓаните строго да ја почитуваат новата регулатива, бидејќи управувањето без потврда ќе се смета за прекршок и ќе повлече соодветни санкции.

Од денеска стапува во сила новиот Правилник со кој возачите кои поседуваат категорија Б (за патнички автомобили) добиваат можност да управуваат со мотоцикли до 125 cm³, но само откако ќе поминат задолжителна четиричасовна теоретска обука.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека обуката е задолжителна и без издадена потврда од автошкола не е дозволено управување со такви мотоцикли.

Обуката опфаќа клучни теми за безбедноста:

  • правилна употреба на заштитна опрема,
  • контрола и стабилност на мотоциклот,
  • превоз на сопатник,
  • справување со ризици на патот.

По завршувањето на обуката, автошколата ќе издаде официјална потврда во А5 формат. Автошколите ќе ги доставуваат податоците директно до МВР, каде ќе се води единствена евиденција.

Од МВР апелираат до граѓаните строго да ја почитуваат новата регулатива, бидејќи управувањето без потврда ќе се смета за прекршок и ќе повлече соодветни санкции.

Најнови вести од: Македонија

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top