Македонија

Екстрадицијата на Груевски продолжува и покрај наводното унгарско државјанство

Министерството за правда соопшти дека Никола Груевски, и покрај објавите за стекнување унгарско државјанство, останува државјанин на Република Северна Македонија и дека постапката за неговата екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство и меѓународните конвенции.

Министерството за правда соопшти дека Никола Груевски, и покрај објавите за стекнување унгарско државјанство, останува државјанин на Република Македонија и дека постапката за неговата екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство и меѓународните конвенции.

„Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки“, се вели во соопштението.

Од Министерството додаваат дека во рамки на своите надлежности ќе продолжат да ги преземаат сите неопходни правни и дипломатски чекори во комуникација со надлежните органи на Унгарија.

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека Владата нема официјална потврда за наводното унгарско државјанство на Груевски.

Опозициската СДСМ повторно реагираше, барајќи транспарентност и забрзување на постапката за екстрадиција, притоа изразувајќи сомнежи дека Груевски поседува повеќе државјанства.

Прашањето повторно е актуелизирано по изјавите на новиот унгарски премиер Петер Маѓар, но и по објавата на унгарскиот портал „ВиСквер“ дека Груевски наводно уште во 2022 година стекнал унгарско државјанство, кое нуди посилна правна заштита.

Груевски е унгарски државјанин, неговата екстрадиција е речиси невозможна

Најнови вести од: Македонија

Нема никакви проблеми во авиосообраќајот, велат од М-НАВ

Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација,  информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација. М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит. 

Матура 2026: Tри испити, една генерација и старото прашање – Што навистина проверуваме?!

Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од државната матура за повеќе од 14.500 матуранти во учебната 2025/2026 година. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се вкупно 14.587 ученици, од кои 12.184 за државна матура, 2.276 за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. Првиот екстерен испит ќе се полага на 6 јуни од 9 часот, а учениците ќе избираат меѓу странски јазик, математика или историја, во зависност од типот на матурата. Најголем дел од кандидатите – 13.208 се пријавени за англиски јазик.

Премиерот очекува детали за идејата за постепена интеграција во ЕУ на самитот во Тиват

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ги следи новите идеи за проширување на Европската Унија, но оцени дека е рано за коментари сè додека предлозите не добијат официјална форма.

To top