Македонија

Свежо утро со ниски температури, преку денот сончево и топло

Во Берово утрово измерени само 3 Целзиусови степени, во Крива Паланка 5, во текот на денот температурите ќе се движат од 23 до 31

Утрово во Македонија го обележаа значително пониски температури за овој период од годината, при што во Берово беа измерени само 3 Целзиусови степени, во Крива Паланка 5, во Скопје 11 итн.

Во текот на денот ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер со брзина над 40 км/ч.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14 Целзиусови степени, а максимумот од 23 до 31.

Најнови вести од: Македонија

To top