Македонија

Ало „Бихаќка-Заевистичка“, ќе гукне ли некој нешто за Енчев, прашува Јовановски

Актерот бара коментар од партијата на Филипче за повикот од ексразузнавачот Бугарија да не дозволи влез на Македонија во ЕУ

Актерот Владо Јовановски јавно му фрли ракавица на СДСМ да се изјасни за пораката од поранешниот бугарски разузнувач, а подоцна и дипломат Велизар Енчев дека Бугарија не смее да дозволи Македонија да влезе во Европската Унија.

„Ало ‘Бихаќка – Заевистичка’, ќе гукне ли некој нешто по този в’прос или како папагали ќе верглате ‘Бугари во устав’?“, ѝ се обрати Јовановски на партијата на Венко Филипче.

Реакцијата на еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ што организираше протести низ државата во 2017 година против Тиранската платформа и промената на името на македонската држава е испровоцирана од настапот на Енчев на бугарски поткаст, кадешто оцени дека „влезот на Македонија во ЕИ би бил голем удар за Бугарија“.

Најнови вести од: Македонија

To top