Регион

Драган Ковачки прозборе албански (ВИДЕО)

„Македонско-албанското пријателство не е дипломатска фраза, туку е географска, историска и цивилизациска реалност“, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, присуствуваше на националното собрание на Демократската партија на Албанија, каде што кусо во воведот се обрати и на албански јазик, пренесувајќи поздрави од лидерот на партијата и премиер, Христијан Мицкоски.

Ковачки на социјалните мрежи сподели дека присуствувал на настанот на покана од сестринската партија од Република Албанија и нагласил дека иднината на регионот треба да се гради врз заеднички вредности.

Тој порача дека земјите од регионот треба да бидат дел од Европската Унија како рамноправни партнери.

„Истакнав дека нашето место е во ЕУ, не понижени, туку како еднакви партнери“, наведе Ковачки.

Во своето обраќање, тој се осврна и на односите меѓу Македонија и Албанија.

„Македонско-албанското пријателство не е дипломатска фраза, туку е географска, историска и цивилизациска реалност“, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најнови вести од: Регион

Рама: Урсула да не ги заборави „децата“ кои бараат влез во ЕУ

Албанскиот премиер рече дека „децата на Урсула“ се седумте кандидати кои активно преговараат за членство во ЕУ, имено Албанија, Црна Гора, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Украина и Молдавија

Кривична пријава против Еди Рама и Бленди Гонџе за издвоените пари за концерт

Според пријавата, Рама и Гонџе се товарат за кривични дела „Злоупотреба на службена должност“ и „Повреда на рамноправноста на учесниците во тендери или јавни аукции“, извршени во соработка.

To top