Македонија

Д-р Ивановски: И кога се губи својот најблизок, донесете одлука да се даруваат органите (ВИДЕО)

Да се даруваат органите, со цел да се продолжи животот на другите пациенти, на кои им треба најмногу

 

Во видео-обраќањето д-р Огнен Ивановск,и хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството.

„Сакам да апелирам до целата македонска јавност, до сите етнички заедници, во моментите кога е најтешко, кога се губи својот најблизок, да се донесе одлука. Да се даруваат органите, со цел да се продолжи животот на другите пациенти, на кои им треба најмногу.

Тоа би било една порака од срце до целата македонска јавност, истакнува д-р Ивановски во видео-обраќањето.

Министерот за здравство, Азир Алиу порачува дека наша обврска како институции е да го развиваме системот, да работиме на зголемување на довербата и да создаваме култура во која дарувањето органи ќе биде препознаено како чин на солидарност, емпатија и највисока почит кон животот.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top