Бизнис

Млекарите измамници вртат 130 милиони евра а ќе платат само 13200 евра казна за криминалот

Тајните фирми измамници го лажеле и ставиле во опасност народот ќе си платат ситни пари и пак ќе продолжат да прават измама

Десетте македонски компании кои се казнети за измама и манипулации од страна на Агенцијата за храна и ветерина ќе платат вкупно 13200 евра и ќе продолжат да работат без никој да не дознае дека ги лажеле граѓаните а некому предизвикале болест дури и смрт.

Колку се овие казни мали и за млекарите неважни покажува анализата на бизнисот со млечни производи кој годишно во Македониjа е тежок околу 140 милиони евра.

Вкупниот обрт на целиот сектор за производство на млеко и млечни производи во Македонија за 2025 година се проценува на околу 135 до 145 милиони евра.

Ако го изолираме само бизнисот со сирење и кашкавал (вклучувајќи индустриско производство, увоз и процена на сивата економија/зелени пазари), вкупниот промет се движи меѓу 65 и 80 милиони евра.

За било која од засега тајните млекари измамници казните од 1050 до 3500 евра се неважни затоа што во овој бизнис се вртат милиони.

Со продажбата односно измамата на граѓаните тие досега овие казни ги заработиле стотици пати и нема да имаат голема штета од нив.

Тие сега ги платат казните и можат да продолжат со измамата затоа што парите што ги заработуваат со измамата се доволни да плаќаат по 100 казни годишно и повторно да бидаг во ќар.

Зошто Агенцијата за храна и ветерина ги крие имињата на компаниите кои вршеле измама е проблем затоа што сега граѓаните не знаат на кои млекари можат да им веруваат.

Зошто се кријат имињата е нејасно кога нема законска пречка за објава на тие што се казнети во законска процедура.

Што најде АХВ во млечните производи?

Пронајденото палмино масло
претставува ризик од кардиоваскуларни заболувања

Десет македонски млекари со месеци мамеле и ставале граѓани во опасност

Ако го консумирате редовно а притоа не знаете може да биде опасно по здравјето

Зошто е опасно маслото пронајдено во производите на казнетите македонски млекари

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

To top