Свет

Трамп го спаси Бејрут од израелски напад по жестока кавга со Нетанјаху

Според Аксиос, разговорот на Трамп со Нетанјаху бил скандалозен, полн со пцовки. Според изворите, Трамп рекол нешто како: „Ти си целосно луд. Без мене, ќе беше во затвор. Те спасувам. Сите те мразат сега. Сите го мразат Израел за ова.“

„Имав многу продуктивен разговор со израелскиот премиер Биби (Бенјамин) Нетанјаху. Нема да бидат испратени војници во Бејрут, а сите војници што веќе патуваа таму се вратени“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.
„Имав многу добар разговор и со Хезболах преку високи функционери и тие се согласија дека сите пукања ќе престанат – Израел нема да ги нападне нив и тие нема да го нападнат Израел“, додаде тој.

Да потсетиме, израелскиот премиер пратходно дал наредба за напад врз главниот град на Либан, Линк, по повеќемесечните напади врз југот на таа земја и повиците до населението да го напуштат. Некои аналитичари сметаат дека Израел има намера во позадина на војната со Иран и нападите врз милитантната група Хезболах, да приграби либанска територија…

Според Аксиос, разговорот на Трамп со Нетанјаху бил скандалозен, полн со пцовки. Според изворите, Трамп рекол нешто како: „Ти си целосно луд. Без мене, ќе беше во затвор. Те спасувам. Сите те мразат сега. Сите го мразат Израел за ова.“

Зборовите на американскиот претседател не наидоа на поддршка во националистичкото крило на израелскиот кабинет.
Израелскиот министер за национална безбедност Бен-Гвир рече: „Сега е време да му кажеме „не“ на нашиот пријател, претседателот Трамп.“

Во врска со другата војна на Израел – во Газа, израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич беше уште покатегоричен: „Или ние или вие. Нема среден терен. Ја уништуваме идејата за палестинска држава“.

Смотрич ги игнорираше сите напори на претседателот Трамп, освен таканаречениот Мировен совет: „Палестинската самоуправа мора да се распушти… Мора да ја преземеме контролата врз целата територија“.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

To top