Македонското државно знаме гордо се вее во дигитална форма на ѕидините на Братиславскиот замок.
Знамето кое го објавува кабинетот на словачкиот претседател ќе се вее и вечерва а поставено е во чест на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која денеска е во официјална посета на Словачка.
„Забележавте ли…? Како што е обичај при официјални посети на шефови на држави, и вчера навечер на Братиславскиот замок беше осветлена македонското знаме по повод посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Замокот ќе биде осветлен и вечерва. За неколку часа ќе ја пречекаме во Претседателскиот дворец. Ќе ви донесеме не само официјалната програма, туку и поглед зад сцената. Следете нè.“ Објавата е од официјалниот профил на Претседателската палата во Словачка.
Видеото е на линкот
https://www.instagram.com/reel/DZEpXNoiSUc/?igsh=MWhjNXR1N3NzczcwdQ==