Македонија

Дивоградба врз историјата: Инвеститор урнал заштитен објект, одговара и инспекторка

Кривични пријави за кумановски инвеститор и за градежна инспекторка

СВР Куманово поднесе кривични пријави против двајца 52-годишни кумановци поради сомнежи за уништување на заштитено културно наследство, бесправно градење, узурпација на државно земјиште и несовесно работење во службата.

Според полицијата, првопријавениот во текот на 2023 година ја урнал куќата на која била поставена спомен-плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак. Објектот бил евидентиран како заштитено културно наследство и се наоѓал во регистарот на спомен-обележја на Општина Куманово.

По уривањето на куќата, на истата локација тој, како инвеститор, изградил објект од втора категорија без претходно да обезбеди одобрение за градење од општинскиот сектор за урбанизам. Според пријавата, градбата била подигната на земјиште во државна сопственост.

Втората пријавена, која работела како овластен градежен инспектор, се товари дека несовесно ги извршувала службените должности. Според наводите, таа донела решение врз основа на нецелосно и неточно утврдена фактичка состојба, иако била должна целосно да ја

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top