Македонија

ФОТО: Показна вежба на ЕБР

Директорот на Бирото за јавна безбедност присуствуваше на завршните показни вежби на новите припадници на Единицата за брзо распоредување

Денеска (04.06.2026) директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во седиштето на Единицата за брзо распоредување присуствуваше на завршните показни вежби на новоселектираните полициски службеници кои по успешно завршената шестмесечна обука ќе станат дел од оваа елитна и високо специјализирана единица на Министерството за внатрешни работи.

Преку низа тактичко-показни активности, кандидатите ги презентираа стекнатите знаења, вештини и способности, демонстрирајќи високо ниво на физичка подготвеност, професионалност и обученост за извршување на најсложените безбедносни задачи.

Директорот Јанев истакна дека прикажаните резултати претставуваат потврда за квалитетот на селекцискиот и обучувачкиот процес, како и за континуираните напори на Министерството за внатрешни работи во создавање стручен, дисциплиниран и мотивиран полициски кадар подготвен да одговори на сите безбедносни предизвици.

Тој упати честитки до новите припадници на Единицата за брзо распоредување, до нивните инструктори и до раководството на единицата, посакувајќи им успешна и професионална служба во интерес на безбедноста на граѓаните и државата.

Со приемот на новата генерација припадници, Единицата за брзо распоредување дополнително ги зајакнува своите оперативни капацитети и продолжува да ја извршува својата мисија како една од најподготвените и најпрофесионални единици во составот на македонската полиција.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

To top