Македонија

Жена и маж завршија под автомобил на „дивиот пешачки премин“ кај Бит Пазар (ВИДЕО)

Граѓаните бараат преминот конечно да биде легализиран и соодветно обележан со бели линии, вертикална сигнализација и семафори, со цел да се намали ризикот од нови сообраќајни незгоди и да се зголеми безбедноста на пешаците

Нелегалниот пешачки премин кај Бит Пазар и понатаму претставува една од најризичните точки за пешаците во главниот град, а тоа се потврди со сериозниот инцидент што се случи вчера.

Имено, автомобил удрил жена и маж кои го преминувале коловозот при што двајцата се здобиле со телесни повреди и биле пренесени на лекарска помош, но според првичните информации нивните животи не се во опасност, јави Алсат..

На местото на настанот интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полициски службеници, кои извршиле увид и работат на целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

Инцидентот повторно ги отвори прашањата за безбедноста на оваа локација, каде во изминатите години се регистрирани десетици сообраќајни незгоди со пешаци.

Граѓаните бараат преминот конечно да биде легализиран и соодветно обележан со бели линии, вертикална сигнализација и семафори, со цел да се намали ризикот од нови сообраќајни незгоди и да се зголеми безбедноста на пешаците.

Најнови вести од: Македонија

Светско признание за министерот Тошковски за „Безбеден град“ (ВИДЕО)

Наградата претставува меѓународно признание за проектот насочен кон подобрување на безбедноста во сообраќајот преку примена на современи технологии, автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци и дигитализација на постапките

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

To top