Регион

Еди Рама: Никој не знае кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

И покрај одреден напредок во евроинтегративниот процес, засега не постои конкретен датум за нејзиното приклучување кон Унијата.

Албанскиот премиер Еди Рама на духовит начин одговори на новинарско прашање поврзано со временската рамка за членството на Албанија во Европска Унија, истакнувајќи ја неизвесноста што го карактеризира процесот на европска интеграција.

На прашањето на новинарите: „Кога Албанија ќе се приклучи кон Европската Унија?“, Рама кусо одговорил:
„Постојат три работи што не можат да се предвидат: Бог, сексот и Европската Унија.“

Неговата изјава привлече значително внимание во јавноста и медиумите, и беше протолкувана како духовит коментар за сложеноста и непредвидливоста на процедурите низ кои поминуваат земјите-кандидатки на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Албанија доби статус на земја-кандидат во 2014 година, додека формалните пристапни преговори со Европската Унија започнаа во 2022 година. И покрај одреден напредок во евроинтегративниот процес, засега не постои конкретен датум за нејзиното приклучување кон Унијата.

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

To top