Поранешниот потпретседател на Либералната интернационала Емил Кирјас кој важи за аналитичар и експерт за геопололитика, иронично најавува дека може да ја тужи Европската Унија за кражба на неговата идеја за постепен но забрзан влез на Македонија и другите земји кандидати.
Кирјас на шега вели дека би се задоволил со 1 милион евра за неговата идеја.
На оваа тема Кирјас јавно зборувал пред 8 години во 2018 година.
,,Можеби треба да испратам фактура до владите на Франција и Германија за интелектуалната сопственост на предлогот што го дадов на либералниот настан во Европскиот парламент до комесарите Хан и Рејндерс? Скромни 1.000.000 евра би биле доволни ☺️
ПС. Имам многу други креативни идеи, но ве молам немојте повторно да чекате 8 години… Кинезите се некако побрзи во имплементацијата на нови идеи… а јас верувам во пазарна економија”, пишува Кирјас откако неговата идеја ЕУ ја прифаќа со огромно задоцнување.
Во објава од Април 2018 година Кирјас напиша:
,,Предложив забрзано и постепено членство на земјите од Западен Балкан во Европската Унија на состанок во Европскиот парламент во Брисел со либералните лидери и комесарот за проширување Хан. Мора да бидеме креативни и да понудиме решенија што би ги виделе Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија интегрирани во ЕУ, со постепено спроведување на правата и одговорностите поврзани со постигнатиот напредок.
ЕУ минатиот февруари ја објави својата стратегија за проширување во која членството на земјите од Западен Балкан би било веројатно по 2025 година. Тоа е добредојден потег бидејќи ги оживува надежите.
Сепак, во еден брзо менувачки свет, може ли некој јасно да го замисли светот за една деценија од сега? Можеме ли да водиме моментален живот и да им понудиме на граѓаните политички проекти што ќе се реализираат за 10 години од сега?
Немаме луксуз да оставаме празнини во европскиот простор и нудиме можности за геополитичка конкурентност. Разговорите за Брегзит и претходните процеси на проширување можат да послужат како инспирација во барањето креативни идеи. Наместо долгорочни преговори и амбиции засновани на прирачници од минатото, пристапот чекор по чекор во интеграцијата би можел да биде поверодостојна алтернатива што би ги инспирирала народите и владите во Југоисточна Европа”.
Германскиот канцелар Мерц и други политичари од ЕУ 13 години од последното проширување предлагааг постепен но забрзан влез на нови членки.