Бизнис

ММФ со позитивна оценка за македонската економија – раст, стабилност и намален долг

ММФ оценува дека финансискиот систем и натаму е стабилен, а банкарскиот сектор е добро капитализиран и високо ликвиден. Според извештајот, стапката на адекватност на капиталот изнесува 19,4%, значително над регулаторните барања, додека учеството на нефункционалните кредити е намалено на историски најниското ниво од 1,9%. Ликвидноста и профитабилноста на банкарскиот систем и натаму се силни, со што дополнително се потврдува неговата отпорност.

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд ја заврши редовната консултација со Македонија согласно член IV од Статутот на ММФ, при што даде позитивна оцена за спроведувањето на монетарната политика и за состојбите во финансискиот систем. Во својата оцена, директорите на ММФ истакнуваат дека домашната економија се соочува со неповолни влијанија од светскиот енергетски шок, што претставува ризик за забавување на економскиот раст, истовремено зголемувајќи ги инфлациските притисоци, што наметнува натамошно внимателно водење на монетарната политика.

Извршниот одбор на ММФ искажа задоволство од модернизацијата на рамката за водење на монетарната политика и поддршка за натамошните активности за унапредување на управувањето со ликвидноста и за зајакнување на автономијата на централната банка. Во извештајот се посочува дека девизните резерви на земјава и натаму се на соодветното ниво, што придонесува за отпорноста на економијата на надворешни шокови.

ММФ оценува дека финансискиот систем и натаму е стабилен, а банкарскиот сектор е добро капитализиран и високо ликвиден. Според извештајот, стапката на адекватност на капиталот изнесува 19,4%, значително над регулаторните барања, додека учеството на нефункционалните кредити е намалено на историски најниското ниво од 1,9%. Ликвидноста и профитабилноста на банкарскиот систем и натаму се силни, со што дополнително се потврдува неговата отпорност.

Директорите на ММФ искажаа задоволство и од преземените макропрудентни мерки и укажуваат на потребата од постојано следење на ризиците поврзани со кредитниот раст и изложеноста на банките кон пазарот на недвижности. Воедно, тие препорачуваат натамошно усогласување на регулативата со европските стандарди и зајакнување на рамката за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Оцените на Извршниот одбор на ММФ претставуваат потврда за стабилноста и отпорноста на домашниот финансиски систем и за унапредувањето на рамката за водење на монетарната политика, во услови на зголемена надворешна неизвесност.

Најнови вести од: Бизнис

Хуманоста како традиција: „АЛКАЛОИД“ со нова донација за здравјето на најмладите

Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина

Мицковски: Со завршувањето на проектот за антимон ќе ја зголемиме важноста на Македонија и економскиот стандард

Тој се повикува и на првичните извештаи за резервите, според кои, како што наведува, тие би можеле да бидат значително поголеми од збирните резерви на двете водечки земји во светот во производството на антимон

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските транспортери

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските превозници. Од 23 септември оваа земја треба да почне да прима барања за долгорочни визи. Ова го најави Билјана Муратовска од Макам-транс. Во другите земји сè уште важи старото правило, возачите можат да бидат во Шенген најмногу 90 дена во период од 180 дена.

To top