Спорт

Ѓорческа на тениски челинџер од 100 илјади долари во Загреб

Најдобрата македонска тенисерка е трета носителка и на стартот утре претпладне ќе се сретне со Русинката Казионова

Лина Ѓорческа неделава ги продолжува настапите на силни тениски турнири, во случајов на челинџерот во Загреб, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 100 илјади американски долари.

Најдобрата македонска тенисерка, 211. на ВТА-листата во поединечна конкуренција, е трета носителка и во првото коло утре од 10 часот за противничмка ќе ја има Русинката Екатерина Казионова (409.).

 

Најнови вести од: Спорт

To top