Македонија

Алиу: Најдобро и најевтино е новиот клинички да биде кај 8 Септември

Тој смета дека не е грешка да се инвестира и во местото каде што сега се наоѓа Клиничкиот центар Мајка Тереза

Најдобро и најевтино ќе биде новиот клинички центар да се направи близу ГОБ 8 Септември, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу, кој имаше брифинг, а потоа даде и изјава за медиумите, по повод една година откако е на министерската функција.

Но, тој смета дека не е грешка да се инвестира и во местото каде што сега се наоѓа Клиничкиот центар Мајка Тереза, со оглед на тоа што дури и веднаш да почне да се прави, ќе бидат потребни најмалку четири години за новиот клинички да биде завршен. Министерот подвлече дека тој временски период не е мал и додаде дека таму каде што сега се вложува, нема да се руши просторот, па, оценува дека не е грешка да се инвестира.

– Не е трошење пари за џабе – подвлече тој.

На новинарско прашање, Алиу одговори дека во Министерството за здравство, како и на Инфективна клиника, ТОАРИЛУЦ, Трансфузиологија, веќе делумно функционира фингерпринтот – односно идентификација со отпечаток од прст на вработените во овие установи. Се работело тоа да се прошири и на другите клиники.

Се работело на чекалните во болниците, да се направат како што треба. Рече дека ќе биде поевтино да се оди за цела држава, наместо посебно за секоја клиника да се бара и да се купуваат столчиња. Се работело и на тоа да се реши проблемот со кречењето.

На прашање дали ќе бидат опфатени и тоалетите, министерот одговори потврдно.

-На Онкологија е почнато со реновирање на тоалетите. На онкологија во план е да се гради плус уште еден кат – најави министерот, меѓу другото.

Тој информираше и дека се работи на дигитализација во здравството. Се работело со картичка пациент да оди кај лекар, на преглед, да се има евиденција колку време чека еден пациент. Ова, наместо да му даваат бројче и да чека со ливче за да може да се следи системот.

Министерот се согласи со констатацијата на еден од новинарите дека хигиената не е на ниво во дел од клиниките, додавајќи дека некои клиники немаат доволно хигиеничари.

Прашан за регионализација, тој кажа дека се прави функционална анализа, некои услуги ќе се затвореле во некои болници, ќе се инвестирало во најблиската болница до тој град – чекор кон регионализацијата.

По една година од преземањето на функцијата министер за здравство, тој рече дека е голема одговорноста да се води таков ресор – сензитивен како што е здравството, дека не е лесно.

– Периодот за една година е прекраток за да кажеме дека денеска имаме здравствен систем што е различен од вчера. Тоа што можам денеска да го кажам пред вас е дека денеска, тоа што го немавме пред една година, имаме јасна слика за здравствениот систем и јасна цел кај сакаме да стигнеме со реформите во здравството – и од инфраструктурна гледна точка и од човечки капацитети и од технологија и дигитална трансформација. Чест ми е денеска пред јавноста да кажам дека мапирањето на здравствениот систем ни ги кажа сите недостатоци во системот, но, исто така, ни даде – буст, ни даде енергија за да може да креираме и да предвидуваме проекти, со што здравството нема само да лечи,
туку и ќе предвидува – истакна Алиу.

Според капацитетите и како држава и од финансиска гледна точка и од инфраструктурна гледна точка, тој рече дека на 24. овој месец, нашата држава или нашиот здравствен систем веќе станува дел од европските здравствени системи.

– Така, ние ќе бидеме полноправна членка на EU4Health, на една од најголемите или најголемиот здравствен фонд во Европа, од кој што ќе црпиме финансиски средства од Европа, ќе црпиме и технички и експертиза од нив. Потоа, имајќи предвид дека знаеме што треба да промениме во здравството, од јули, ќе почнеме да аплицираме на оваа програма и се надевам дека ова ќе ни дојде дополнителна енергија со цел да може да се забрзаат реформите во здравството – подвлече министерот Алиу.

Најнови вести од: Македонија

„Македонија 2025“ отвора повик за стипендии за средношколци

Повикот е наменет за средношколци кои покажуваат одличен успех, учествуваат на натпревари, имаат љубопитност, идеи, амбиција и желба да се развиваат. Ова е можност за младите кои сакаат да го направат следниот чекор во своето образование, личен развој и идни професионални цели.

(Видео): Пожар зафати викендички кај Штип, повреден е еден од газдите

Голем пожар одново се прошири кај Штип, а на социјалните мрежи се објавени очајнички повици за помош. Пожарникарите спасуваат луѓе кои се нашле во лозја, а зафатени се повеќе објекти, меѓу кои и неколку куќи, а досега е повреден најмалку еден човек.

Државата остана без 9,5 милиони евра од ИПА фодновите

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против странски државјанин и правно лице поради сомнежи за злоупотреби при реализација на проект за канализациска мрежа во Кичево. Поради раскинувањето на договорот, државата останала без 9,47 милиони евра од ИПА-фондовите.

Иловица е една од најголемите потенцијални рударски инвестиции

Интересот од странски инвеститори постои и е континуиран, што се потврдува преку бројните геолошки истражувања и концесии доделени во изминатите години, но јавноста често е поделена поради еколошките ризици и потребата од строги стандарди за заштита на животната средина. Начевски заклучува дека Македонија може да стане регионален снабдувач на одредени суровини и да ја засили својата улога во европските синџири на снабдување.

Дури 235 луѓе истовремено земале и социјална помош и пензија

Неосновано исплатени 236 илјади евра за социјална помош, утврдил Државниот завод за ревизија во најновиот извештај. Станува збор за периодот од 2022 година до јуни 2025 година. Поради слабости во системските контроли, само за 2024 ревизорите утврдиле 235 корисници кои истовремено земале и социјална помош и пензија. Ревизорите предупредуваат дека ваквите состојби се ризик од нерационално трошење на јавните пари, оти ја намалуваат ефикасноста на системот за социјална заштита. Ревизорите посочуваат и на недоволна контрола од центрите за социјална работа, нецелосна документација, доцнење во постапките, како и неефикасно следење на враќањето на неосновано исплатените средства.

To top