Регион

Вучиќ за Фокс њуз: Трамп би бил пречекан како херој во Белград

Се осмелувам да кажам дека дури и повеќе од сто илјади луѓе би го дочекале, изјави српскиот претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во ексклузивно интервју за „Фокс њуз диџитал“, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп би бил пречекан како херој во Белград, откако поддршката за САД меѓу српските граѓани се зголеми за време на неговата администрација.

Вучиќ изјави дека многу Срби го гледаат Трамп значително поинаку од претходните американски лидери, и покрај децениското незадоволство од бомбардирањето на НАТО во 1999 година.

Како што подвлече, ако ги прашате луѓето во Србија да ги споредат администрациите на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и Доналд Трамп, или на демократите и републиканците, „нема да верувате“. „Би било 90 спрема 10 или 95 спрема 5“, рече Вучиќ.

Тој рече дека се надева оти Србија ќе може да го нагости Трамп.

„Се надевам дека ќе можеме да го нагостиме. Повеќе луѓе ќе бидат подготвени да го пречекаат и да го чекаат отколку што можеби очекувал. Се осмелувам да кажам дури и повеќе од сто илјади луѓе“, рече Вучиќ.

Како што истакнува, Србија и САД сега се подготвуваат да ја прошират соработката во бројни области, од енергетика и инфраструктура до вештачка интелигенција и одбрана.

Зајакнувањето на односите доаѓа во време кога Србија се обидува да се позиционира како регионален економски центар, додека ја одржува својата долгогодишна цел за приклучување кон Европската Унија, според Фокс њуз.

Американската политичка организација „Републиканци за национална обнова“ денес објави дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да одговори на поканата на српскиот претседател Александар Вучиќ и да ја посети Србија.

„Претседателот Трамп апсолутно треба да го посети Белград“, се вели во објавата на официјалниот профил на организацијата, заедно со извадок од интервјуто на Вучиќ за „Фокс њуз“ во кое тој го покани Трамп да ја посети Србија.

Најнови вести од: Регион

За обид за убиство, уапсен 19-годишник од Македонија во Црна Гора

А.Т. е осомничен дека се обидел да го елиминира 56-годишниот Марко Љубиша-Кан, кој се смета за член на „Шкаљарски клан“ на балканскиот нарко картел, на 7 август 2025 година, во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва.

Една жена загина и 16 лица се повредени, откако влета автомобил во во толпа на „Парадата на гордоста“ во Берлин

Една жена загина, а 16 лица се повредени, од кои некои се во критична состојба, откако напаѓач со автомобил влета во толпа луѓе за време на Парадата на гордоста во Берлин. Полицијата соопшти дека го идентификувала осомничениот, кој ѝ е познат на полицијата и се поврзува со исламистичката сцена во германската престолнина.

To top