Колумни

За Бугарите македонскиот јазик постои „од 1944/1945“, а Зденка Рибарова ги истражуваше македонските ракописи од 12 и 13 век и писмени традиции стари повеќе од 11 века!

Чешката палеославистка и македонистка проф.д-р Зденка Рибарова е еден од најзначајните научници во истражувањата на историјата на македонскиот јазик, старословенистиката, црковнословенските текстови од македонска редакција и проучувањето на средновековното македонско ракописно наследство. Нејзиното научно дело претставува еден од темелите, врз кои денес се засноваат современите истражувања на македонската писмена традиција. На 13 јуни 2026 година се навршија 81 година од раѓањето на оваа чешка лингвистка, чие научно дело има немерливо значење за историјата на македонскиот јазик и широката меѓународна афирмација на неговата самобитност и постоење низ многуте векови. Рибарова проучувала и анализирала десеттици македонски ракописи од 12 и 13 век. Истражувањата и студиите за постоењето на македонскиот јазик и неговите ракописи од изминатите векови на оваа врвна чешка македонистка ги уриваат и ги обесмислуваат сите денешни негирања и фалсификати на политичка и лажнонаучна Софија дека, божем, македонскиот јазик „нема свои историски корени“ и оти е само „вештачка творба, измислена врз бугарски јазични темели“.

Пишува: Свето Тоевски

„Македонскиот речник од 16 век“, научната студија на италијанскиот славист Чиро Ѓанели и францускиот славист Андре Вајан за ракописот, изворно запишан со грчки букви, но со чист македонски народен говор од костурскиот крај, од селото Богатско, денес во Грција, говори за македонски јазични корени од пред четири  века. Но, д-р Зденка Рибарова, проучувала македонски ракописи стари најмалку 800 години! Четири века уште поназад во времето за разлика и од „Македонскиот лексикон од 16 век“ и македонскиот ракопис од Костурско! 

Рибарова оди чекор повеќе и научно докажува дека македонските ракописи од 12 и 13 век се неделив дел од кирилометодиевското наследство, оти тие имаат континуитет со дејноста на Охридската книжевна школа и претходно на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј. Рибарова аргументира дека тоа се пишани ракописи, традиции и корени на македонскиот јазик стари најмалку 11 века!

Студијата на Рибарова „Јазикот на македонските црковнословенски текстови“, објавена во 2005 година од Македонската академија на науки и уметности, дава задлабочен научен преглед, дефиниција и систематизација на македонската редакција на црковнословенскиот јазик од 12 до 14 век. Таа научно докажува дека македонската редакција (варијанта) на црковнословенскиот јазик е структуриран и нормиран, самостоен книжевно-јазичен систем со свои специфични законитости и сопствени правописни, фонолошки, морфолошки и лексички особености, различни од сите тогашни јазици. Еден од најзначајните резултати од нејзината научна дејност е заклучокот дека корените на таа македонска редакција (варијанта) на црковнословенскиот јазик водат кон Охридската книжевна школа.

„Македонската редакција (варијанта) на црковнословенскиот јазик од неговиот постепен почеток во текот на 11 век го достигнува својот целосен развој во 12 век, кога се консолидираат основните норми на македонската црковнословенска писменост. Консолидацијата на овие норми е поврзана и во континуитет со старословенскиот глаголски период и со дејноста на Охридската книжевна школа. Јазикот на македонската старословенска писменост ги има своите корени во овие временски периоди, но има и свои засебни белези на правописно, фонолошко, морфосинтаксичко и лексичко ниво.“ – аргументира Рибарова во својот научен труд „За корените на македонската писменост“, објавен во 2017 година. Македонската редакција на црковнословенскиот јазик од 12 до 14 век означува период од историскиот развој на македонскиот јазик, во кој старословенската црковна норма почнала да се менува под влијание на живиот народен говор на македонското население. Ова е време кога писателите и препишувачите, иако се труделе да го зачуваат канонскиот јазик, несвесно внесувале локални јазични и правописни црти. 

Охридската книжевна школа, како најстара средновековна македонска книжевна школа, е формирана во 886 година од Свети Климент Охридски по неговото пристигнување во областа Кутмичевица. Во 893 година на Климент му се придружува Свети Наум Охридски, откако Климент е назначен како епископ. Во рамките на школата се обучени повеќе од 3500 ученици и таа одиграла клучна улога во описменувањето, како и во ширењето на македонската и словенска писменост и култура. Со повеќе свои научни трудови, а посебно со студијата „Јазикот на македонските црковнословенски текстови“, Рибарова го потврдува и го докажува фактот дека постои континуитет меѓу овие два важни периода во развојот на македонскиот јазик.

Еден од најстарите македонски средовековни ракописи, кои ги истражувала Рибарова, е Григоровичевиот паримејник, текст на  пергамент од крајот на 12 до 13 почетокот на 13 век. Паримејникот содржи 104 пергаментни листа, напишани со кирилско македонско-старословенско писмо, веројатно како препис од уште постар глаголски текст. Паримејник е специјализирана богослужбена книга со четива, која се користи во православните цркви. Овој ракопис, според јазичните особености, е од областа на Јужна Македонија. Тоа се четива за Раѓањето на Христос и Богојавление, потоа четива за времето на Великиот пост, за извршување на црковната служба и други текстови.

Зденка Рибарова во соработка со Зое Хауптова и Емилие Блахова подготвила двотомно издание на Григоровичевиот паримејник. Во 1844 година Русинот Виктор Григорович го нашол во манастирот Хиландар ова драгоцено пишано сведоштво за македонската етноидентитетска и јазична самобитност и го однел во Русија. Во 1876 година ракописот станал сопственост на Румјанцевскиот музеј во Москва, а сега се чува во Руската државна библиотека.

Рибарова проучуваше десетици други клучни македонски ракописи како што се Радомировото евангелие, Болоњскиот псалтир, Битолскиот триод…  Таа е автор и соавтор на детални монографски и јазични анализи на македонски ракописи, меѓу кои се издвојуваат нејзините темелни истражувања не само на Григоровичевиот паримејник, туку и на Охридските ливчиња, Синајскиот еухологиј, Радомировото евангелие… Сево ова се книжевни споменици на постоењето на македонкиот јазик и неговата писменост и дали сега „научниците“ од Бугарската академија на науки и уметности и сите бугарски политичари ќе тврдат и натаму дека немало македонски јазик ниту негови корени?!

Зденка Рибарова е родена на 13 јуни 1945 година во Прага, денес Чешка. Била чешки филолог, експерт по бохемистика, русистика, и југославистика, Од 1975 година сè до пензионирањето во 2008 година работела како научен советник во Одделението за историја на македонскиот јазик при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Од 1986 година била раководител на Одделението и главен истражувач на проектот Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција, а од почетокот на неговото излегување (2000) била главен уредник на Речникот. Во Масариковиот универзитет во Брно во 1997-1999 била лектор по македонски и српски јазик. Во Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага од  2000-2005 била лектор по македонски јазик и предавала по црковнословенски јазик.

Со нејзината педагошка дејност е поврзан и Прирачникот по македонски јазик со преглед на македонската граматика, издаден во Брно. Научниот интерес на д-р Рибарова се однесува на прво место на македонската редакција на црковнословенскиот јазик и на најстарата историја на македонскиот јазик. Учествувала во повеќе меѓународни проекти, кои придонесуваат кон афирмација на македонистиката и особено на македонската палеославистика во светот. Д-р Рибарова објавила 170 научни трудови и студии, вклучувајќи и неколку книги и поголеми монографски студии. Била избрана како член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литературна наука. Починала во Прага на 14 март 2019 година.

(„Нова Македонија“)

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена лингвистичко-историска анализа на научното дело на проф.д-р Зденка Рибарова, кои не одразуваат ставови на ниедна политичка партија во Република Македонија, ниту на редакцијата на порталот „Експрес“)

 

Најнови вести од: Колумни

Бистришки, 1934 – Тоевски, 2026: Зошто сме ние, Македонците, одделен народ? (4)

Одговорот на тоа прашање е од огромно геополитичко значење за Македонија и македонскиот народ и денес, на почетокот на 21 век. Авторот на овој текст чини напор сега, во 2026 година, да даде свој аргументиран одговор на истото прашање, кое си го постави пред себе Васил Ивановски – Бистришки во 1934 година. Македонците се навистина посебен народ во Балканот и Европа: својата „Македонска приказна“ тие си ја пишуваа самите низ бурните епохи на својата национална историја. Во таа историја се вградени сите државотворни стремежи на македонскиот народ, на кого никој никогаш ништо не му подарил, ниту држава, ниту фалсификувана историја како на „добрите соседи“. Напротив; толку многу му одзеле, но тој стои простум и натаму наспроти бурите на (не)времињата. Македонците со својот јазик и писменост, со својата духовност и култура, со својот идентитет и историја се длабоко во темелите на европската цивилизација.

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика,  ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ добива веднаш меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески и американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик. Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

Моќната одбрана на Анатол Франс на Македонците во 1903 – европско „бетонирање“ на идентитетот наспроти бугарско-грчките оспорувања (1)

„Во Македонија турските војници и чиновници масакрираат селани и ги силуваат нивните ќерки и жени. Овие злосторства, извршени за срам на Европа, мора да бидат казнети од Европа. Загрижени сме за судбината на Ерменците и Македонците, не затоа што се христијани, туку затоа што се човечки суштества. Како гаранција за нивното спасение и заради воспоставување сеопшт мир, бараме целосно спроведување на Берлинскиот договор во однос на Ерменија и Македонија. “ – истакнал францускиот писател Анатол Франс во својот знаменит говор, одржан на 18 март 1903 година во Париз на собир, заради поддршка на Ерменија и Македонија. Со тоа уште пред 123 години во срцето на Франција и Европа овој великан на интелектуална Франција едновремено изнесува и моќна потврда на идентитетот на македонскиот народ. Но искажува и заложба за македонска државност и политичка самостојност согласно со Берлинскиот договор од 1878 година, особено во однос на Бугарија и Грција – денешните најжестоки негатори на Македонија и Македонците. Денес се навршуваат 102 години од смртта на овој бележит Француз – бескомпромисен борец и за македонската вистина среде Европа. Оваа годишнина е соодветен повод за ново навраќање кон неговото промакедонско дело, со кое тој трајно заслужува посебно место во колективното паметење на македонскиот народ. Чествувањето на Анатол Франс е чествување и на самите нас како народ со своја самобитност и македонски идентитет.

Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев и наводните на Самуил – огледало на бугарската политика кон Македонија, од добрососедство до историски ревизионизам!

Државната и политичката свест на Бугарија за 80 години се развиваше во негативна насока: од држава, која во 1946 година официјално ја признаваше македонската национална самобитност, идентитет, држава, јазик и историја, до држава-членка на ЕУ, која денес во 2026 година практикува историски ревизионизам кон Македонија, стремежи да ја „прекрои“ нејзината автентична национална историја. Но и стремежи за бугаризирање на македонскиот идентитет и јазик. Официјална Софија денес прибегнува кон вета и блокади на македонската евроинтеграција во обид да ги оствари своите асимилаторски цели и стремежи. Двата столба на македонскиот идентитет и државност се под опсада: Цар Самоил, како македонски државотворен столб на средновековието, и Гоце Делчев, како столб на современата државност и идентитет на македонскиот народ. Toa сe двете клучни точки, кои Софија упорно се обидува да ги бугаризира. Стратегијата не е насочена само кон одделни историски периоди, туку кон целосно растурање и поништување на континуитетот на македонскиот идентитет и државотворните стремежи и традиции на македонскиот народ од минатите векови до денес.

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “ во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет, средновековната бугарска државност и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја, на македонската државност, чиј еден од темелните столбови е и Самуил. Тој е споменат нималку случајно и во државотворниот „Манифест од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ“ од 2 август 1944 година.

To top