Македонија

Негирањето на нашиот идентитет е причина повеќе за влез во ЕУ, според Борјан Јовановски

Новинарот со причина повеќе за Бугари во македонскиот Устав, а со цел заштита на македонскиот национален идентитет…

Новинарот Борјан Јовановски со причина повеќе за Бугари во Уставот заради откочување на преговорите за членство во Европската Унија, кадешто ќе бил заштитен македонскиот идентитет…

„Точно е дека нашиот идентитет се негира во контекст на некои балкански атавизми. Тоа е причина повеќе за приклучување кон ЕУ, која во историјата се покажа како конструкт кој ги штити и помага да се развиваат националните идентитети на малите народи како нашиот“, објави тој на Икс, не објаснувајќи како да се влезе во Унијата при отворено негирање на идентитетот на македонскиот народ од Бугарија, зацементирано со заедничка декларација на сите политички партии во Народното собрание во Софија.

Најнови вести од: Македонија

„Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градскиот парк – бесплатен концерт под отворено небо

Традиционалниот концерт на Македонската филхармонија под отворено небо ќе се одржи на 20 јуни во Градскиот парк, со почеток во 21 часот, кога публиката ќе има можност бесплатно да ја проследи изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на здружените оркестри од Скопје, Софија и Солун

To top