Две лица што управувале мотоцикли го извлекле подебелиот крај во две одделни сообраќајни незгоди во Скопје.
„На 12.06.2026 во 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“, ул.„Трајко Иванов“ и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (65) и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л. (37), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, е заведено во билтенот на Министерството за внатрешни работи.
„На 12.06.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се сличила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со дипломатски регистарски ознаки, управувано од Г.С. (61) и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С. (38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, се вели за другата сообраќајка.