Македонија

Овации за Каролина Гочева и Дуке Бојаџиев во Благоевград

Плоштадот „Македонија“ беше претесен за заинтересираните да ги видат и чујат македонските музички амбасадори

Македонското музичко трио составено од Каролина Гочева, Бранислав Николов и Дуке Бојаџиев ја одушеви публиката во Благоевград, која со аплаузи и овации го поздрави нивниот настап во рамките на втората вечер од фестивалот „Crossing Jumaya“.

Плоштадот „Македонија“ во главниот град на Пиринска Македонија беше претесен за да ги прими сите заинтересирани да ги видат и слушнат македонските музички амбасадори, за чија манифестирана виртуозност на сцената не ги штедеа дланките во знак на благодарност.

На позитивните вибрации меѓу домашната публика и гостите од Македонија се надоврзаа обраќањата на градоначалниците на Благоевград, Методи Бајкушев, и на Делчево, Иван Гоцевски, кои испратија пораки за културно поврзување, пријателство и соработка меѓу двете соседни земји.

 

Најнови вести од: Македонија

Општина Илинден доби дом за стари лица, премиерот рече дека се подобрува квалитетот на живот на граѓаните

Домот нуди концепт на функционирање во кој грижата за повозрасните не подразбира само сместување, туку целосен систем на здравствена, социјална и психофизичка поддршка, достоинствен живот и активно секојдневие.

To top