Македонија

Мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово, ужаснати очевидци ѝ го одзеле

Грозоморно насилство врз тримсесечно бебе од страна на неговата мајка. На улица во Тетово го трескала од земја, шокирани очевидци ја спречиле и викнале полиција

Грозоморно насилство врз тримсесечно бебе од страна на неговата мајка. На улица во Тетово го трескала од земја, шокирани очевидци ја спречиле и викнале полиција.

„Во 16:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во 15:30 часот Б.М. била забележанакако физички го малтретира и удира во асфалт своето тримесечно бебе, лицата што го забележале тоа ѝ го одземале детето и го пријавиле случајот во полиција“, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

По брза реакција на полицијата за овој ужасен чин биле приведени 42 годишна прилепчанка и нејзиниот 37 годишен сопруг од селото Сараќино, а потоа биле известени и соодветните институции.

„За настанот e известен социјален работник од дом за малолетници а двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот и во координација со јавен обвинител против нив ќе следува соодветна пријава.“

Досега се знае дека осомничените се родители на детето и дека се работи за фамилија која страда од ментални нарушувуања а откако ќе биде готова целосната документација на настанот, ќе бидат поднесени пријави против мажот и жената додека институциите се во процес на утврдување на сите поврзани околности околу случајот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила, МВР го обезбеди сторителот

Премиерот Христијан Мицкоски го осудува инцидентот со палењето на двете дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје и вели дека Министерството за внатрешни работи за кратко време го обезбеди сторителот кој веќе го признал делото

(Видео): Ова е човекот кој ги запали двете дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

Од снимките може да се види како едно лице се приближува кон возилата паркирани на тротоарот пред Амбасадата. Додека се упатува кон нив, лицето од пластична кеса вади шише со непозната течност и ги полева возилата. Потоа се гледа како предниот дел од автомобилот „сузуки“ гори, а лицето што го предизвика запалувањето бега.

To top