Македонија

Пијан до бесвест возел мопед низ Скопје

Измерени 1,93 промили на скопските улици

Вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот.

Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои – 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, една мерка за нерегистриран мотоцикл, две мерки затоа што не застанале на даден знак и 129 мерки по останати прекршоци – не носеле возачка или сообраќајна дозвола, не била истакната регистарска табличка, недавање првенство на возила или на пешаци и друго, информираа од МВР.

При акциската контрола, констатирано е едно кривично дело безобѕирно управување со мопед, односно присуство на алкохол во крвта од 1,93 промили по член 297-а од Кривичниот законик, по што мопедот е одземен.

Најнови вести од: Македонија

Мацинка: Приоритетна цел на Чешка е Македонија да стане час поскоро членка на ЕУ

Република Чешка го поддржува членството на Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно таа час да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со министерот за надворешни работи на Македонија Тимчо Муцунски.

Мацинка: Членството на Македонија во ЕУ е приоритет за Република Чешка

Чешка е подготвена да придонесе во процесот за постигнување решение прифатливо за Скопје и за Софија, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка, кој се наоѓа во официјална посета на земјава

To top