Според него, одлуката на ЕП потврдува дека обидите за заобиколување на договорите меѓу Бугарија и Македонија нема да се толерираат.
„Со својот глас, европратениците од сите групи јасно ставија до знаење дека злоупотребата на европските правила и договори нема да се толерира“, објави поранешниот бугарски премиер на Фејсбук.
Борисов се пофали дека по потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство во 2017 година ГЕРБ одигра клучна улога во враќањето на европската перспектива на Македонија во 2022 година, кога беше договорен таканаречениот европски консензус.
Борисов нагласи дека бугарската позиција останува непроменета.
„Бугарите мора да бидат вклучени во Уставот на нашиот западен сосед, за да може да го почне својот суштински процес на преговори. За да продолжат овие преговори и Договорот за пријателство и добрососедство и сите негови протоколи мора строго да се спроведуваат, како што всушност е предвидено во европската преговарачка рамка. Сè друго ќе наиде на недоразбирање и широк институционален и јавен отпор, и во Бугарија и во Европа“, порача Борисов.