Македонија

Нови фитнес игралишта во училиштата во Карпош

Општина Карпош

Општина Карпош продолжува со реализација на проекти и активности насочени кон унапредување на условите за образование, физичка активност и здрав развој на учениците преку модернизација на училишната инфраструктура.

Во услови кога современите животни текови и растењето на трендот за зголемено користење на технологијата влијаат на намалената физичка активност кај децата и младите, Општина Карпош презема конкретни чекори за создавање услови кои ќе поттикнат активен и здрав начин на живот.

Во таа насока, оваа година поставивме нови фитнес зони во три општински основни училишта: ООУ „Војдан Чернодрински“, ООУ „Вера Циривири Трена“ и ООУ „Аврам Писевски“. Во текот на следната година ќе бидат поставени фитнес зони и во останатите седум општински основни училишта.

Фитнес зоните се поставени на подлога од вештачка трева со површина од 60 м2 и опремени се со реквизити за безбедно користење на отворено, дизајнирани и наменети за вежби за развој и зајакнување на локомоторниот апарат кај учениците.

Средствата за реализација на оваа активност се предвидени во годишната Програма за спорт на Општина Карпош, а реализатор на проектите е компанијата Мегаспорт од Скопје.

Општина Карпош останува посветена на создавање на современа, функционална и поттикнувачка средина за раст и развој на најмладите како и квалитетен живот на сите жители.

Најнови вести од: Македонија

Одземено „порше“ – приведен возач од Србија, кој управувал со 188 километри на час

Полициски службеници синоќа го привеле Б. С. (30) од Република Србија бидејќи со „порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово – Скопје, кај клучката „Рафинерија“. – При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „порше“, со српски регистарски ознаки, управувано од Б. С. (30). По извршеното мерење, […]

Во првиот уписен рок во средните стручни училишта двојно повеќе запишани ученици одошто во гимназиите – Квалификациско тестирање за вториот рок на 29 јуни

На првото пријавување во јуни запишани 13.397 ученици: во стручните училишта двојно повеќе запишани ученици отколку во гимназиите. Квалификациско тестирање во второто пријавување во јуни ќе се организира во училиштата за средно образование на 29 јуни , а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават истиот ден на тестирањето, на огласната табла на училиштето и/или на училишната интернет-страница.

Мицкоски: Развојот на Македонија не смее да зависи од политичките циклуси, треба со долгорочна визија да се создадат услови младите да останат тука!

Стратегијата, како што оцени премиерот Мицкоски, претставува еден од најважните стратешки документи за државата, бидејќи е создадена преку процес во кој биле вклучени експерти, институции, локалната самоуправа, бизнис-заедницата и граѓанскиот сектор. Македонија има потреба од институции кои ќе работат со јасна долгорочна визија и нема да носат одлуки водени само од дневно-политички интереси, порача премиерот на петтиот состанок посветен на Националната развојна стратегија 2024–2044.

„Нетпрес“: Туристот Заев е на Халикидики, во Грција, со својата луксузна јахта од 2024, вредна 800 илјади евра, додека Филипче жестоко се бори за „Бугари во устав“!

„Наши читатели, кои престојуваат туристички во местото Миражио Палјури, на Халкидики, во Грција, ни испратија во редакцијата фотографии, на кои се гледа поранешниот македонски премиер и поранешен лидер на СДСМ Зоран Заев на неговата луксузна јахта јахта.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top