Свет

Товарен воз падна од мост во Минхен

Два вагона излетале од шините од мостот, се одвоиле од возот и паднале околу пет метри

Едно лице е тешко повредено откако товарен воз падна од мост во Минхен, главниот град на германската покраина Баварија, јави ДПА.

Два вагона излетале од шините од мостот, се одвоиле од возот и паднале околу пет метри, соопшти полицијата, додавајќи дека сè уште истражуваат што превезувал возот.

Сепак, товарот, според властите, сигурно не претставува опасност за наслениот во околината.

Инцидентот се случил на железничка линија што ја користат главно товарни возови, изјави портпаролот на германската железничка компанија Дојче Бан.

Причините за несреќата се истражуваат.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

To top