Хроника

Избегал од болница и исчезнал, го бараат десетина роднини

Роднините пребаруваат низ градот Скопје и во кругот на Државната болница

Роднини и пријатели од Кочани пристигнаа во Скопје и започнаа потрага по исчезнатото лице Асанов Агуш, кој избегал од Државната болница.

Потрагата започна од Кочани, а продолжува низ Скопје. Во моментов роднините се наоѓаат на Железничката станица, по што ќе продолжат со пребарување низ градот и во кругот на Државната болница, во кординација со тимот на Рома Прес.

Се апелира до сите граѓани, доколку го забележат или имаат каква било информација за Асанов Агуш веднаш да ги известат неговите блиски или да пријават во најблиската полициска станица.

Ве молиме споделете за да се пронајде лицето што е можно побрзо, апелираат неговите роднини.

Најнови вести од: Хроника

ТВ „Алфа“: Голема полициска акција во Прилеп, Охрид и Струга, поради сомничења за „бизнис“ со дрога – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци!

Голема полициска акција е во тек во Прилеп, се вршат претреси претреси на 30 локации, осомничена е поголема група за активности поврзани со наркотици. Освен во овој град, претреси се прават и во Охрид и Струга, објави ТВ Алфа.

Условно осудениот Пецов – Ѓаволот си ја плати казната од 8.000 евра, а „рушветчијата“ Стафа бара условен отпуст!

Љупчо Пецов – Ѓаволот, осуден во предметот „Синџир“, ја уплатил паричната казна од 492.000 денари, односно околу 8.000 евра, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Пецов, кој беше осуден на условна казна затвор од две години, на 2 септември ја уплатил паричната казна, по што за тоа бил известен и Судот. Адвокатот Фехми Стафа, обвинет дека примил поткуп од 50.000 евра, за да влијае кај судија во предметот поврзан со Пецов, сè уште ја издржува затворската казна од една година и три месеци. Стафа сега бара условен отпуст!

Две и пол години затвор за вработената во МВР, што фалсификувала возачки дозволи, 1,3 години за возачите

Тројца обвинети во предметот за фалсификување возачки дозволи ја признале вината и добија затворски казни во скратена постапка. На првообвинетата, вработена во Министерството за внатрешни работи, ѝ е изречена казна затвор од две години и шест месеци. Второобвинетиот и третообвинетиот се осудени на една година и три месеци затвор. За сите тројца е продолжена мерката притвор, информираа на средба со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје.

To top