Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: По стапките на Заев тргна и Филипче

За да дојде на власт и да остварува личен интерес, слугува и одработува за бугарските интереси

Во својата историја СДСМ покажа и докажа, дека на власт не може да дојде со изборна програма во која, со понуда за проекти да ја бараат поддршката на граѓаните, туку во неколку изборни циклуси влегува со јасна предавничка цел и со лаги и манипулации бара гласови, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што беше и примерот на Зоран Заев, кој со изгубени избори дојде на власт за да го премени името, а тој да профитира милиони ограбувајќи ја државата.

По истите овие стапки на Заев, сега тргнал и Венко Филипче, да слугува на туѓи интереси само за да се дограби до власт.

Ова СДС на чело со Филипче, не е ништо друго, освен извршител на бугарската агенда и ги распродава националните интереси“ се вели во денешното соопштение на владејачката партија.

Како што велат, ова СДСМ и Венко Филипче се бугарскиот ас на бугарскиот претседател, Румен Радев во реализацијата на антимакедонското сценарио.

„И токму нивното посегнување кон фабрикувани лаги и манипулации како и нападите кон ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски се резултат на нивните одработувања за туѓи сценарија.

Намерата на ваквите оркестрирани и скапо платени со бугарски пари напади е да се ослабне ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, со надеж дека така ќе дојдат на власт и лесно ќе ги распродаваат националните интереси.

Нападите на СДС, веројатно, ќе продолжат понатаму и затоа ги повикуваме граѓаните и понатаму будно да ги следат случувањата, зошто сè ќе излезе на виделина и јасно ќе препознаат дека се од ова што кажавме е точно и дека СДС и Филипче единствено се водат од личниот интерес.

Но, народот јасно знае дека ВМРО-ДПМНЕ со претседателот Мицкоски се единствените на браникот на националните и државни интереси“ се вели во партиското соопштение.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top