Македонија

4.000 туристи во Делчево за еден викенд

Градоначалникот на Делчево вели дека расте бројот на гости од земјава и од Бугарија, а неделава ќе биде конституиран Советот за развој на туризмот

Повеќе од 4.000 посетители престојувале во Делчево во текот на изминатиот викенд, кој се совпадна со првиот ден од летото, објави градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски.

Според Гоцевски, зголемен е и бројот на патници кои преку граничниот премин Делчево влегуваат од Република Бугарија, што, како што наведува, придонесува за раст на туристичкиот промет и економската активност во општината.

Тој оцени дека активностите за промоција на Делчево како туристичка дестинација веќе даваат видливи резултати и оти локалното стопанство започнува нов инвестициски циклус поттикнат од зголемената посетеност.

– Воспоставениот систем за промоција на Делчево дава резултати, а економската активност во градот бележи позитивен раст. Особено охрабрува тоа што локалните бизниси ги препознаваат овие трендови и инвестираат во понатамошен развој – наведува Гоцевски во објавата.

Тој најави дека во текот на оваа недела ќе се одржи првиот конститутивен состанок на Советот за развој на туризмот во Делчево, каде ќе се разгледуваат и креираат мерки за понатамошен развој на туристичкиот сектор и локалната економија.

Градоначалникот посочи дека природните потенцијали на регионот, планините Голак, Средна и Влаина, како и реката Брегалница, заедно со културната и гастрономската понуда, создаваат услови за успешна туристичка сезона.

Според најавите, во текот на летото во Делчево ќе бидат организирани повеќе културни и туристички настани, а во наредните денови се очекуваат и нови информации поврзани со локалниот економски развој.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top