Македонија

Дијагностиката подостапна: ПЕТ центарот ќе работи и за викенди

Д-р Невена Маневска: Очекувано намалување на листите на чекање за пациентите

ПЕТ центарот ќе продолжи да работи и за време на викендите и празниците, почнувајќи од претстојниот продолжен викенд.

Целта на оваа одлука е да се намалат листите на чекање и пациентите побрзо да добијат пристап до потребната дијагностика.

Министерството за здравство, во соработка со ПЕТ центарот, информира дека работата за викенди ќе продолжи и во наредниот период, согласно утврдениот план.

Директорката на ПЕТ центарот, д-р Невена Маневска, изјави дека реорганизацијата има цел да го намали времето на чекање и да продолжи трендот на зголемување на бројот на достапни термини.

„Оваа реорганизација се спроведува за да ги намалиме листите на чекање.

Очекуваме да продолжи трендот што го воспоставивме во изминатите две години, кога двојно ги зголемивме термините“, изјави Маневска.

Таа упати благодарност до здравствените работници и соработниците кои придонесуваат за спроведување на оваа организација на работата.

Од Министерството посочуваат дека секојдневно се работи на подобрување на достапноста на здравствените услуги и на скратување на периодот што пациентите го поминуваат чекајќи дијагностички прегледи.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top