Македонија

Денес ненадејно почина Јовица Илиевски (58), градоначалник на Брвеница во два мандата

Јовица Илиевски беше човек, почитуван од сограѓаните. Зад себе остави низа дела.

Од 1999 год. до ноември 2021 бил вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Од 11 ноември 2021 год. е избран за градоначалник на општина Брвеница за период 2021-2025. Во периодот 2013-2017 год. е член во Советот на општина Брвеница.

Активно беше вклучен во областа на спортот, подржувач на голем број спортски настани и даваше големи придонеси во спортот.

Редакцијата на „Експрес“ изразува сочувство до неговото семејство, пријателите и колегите.



Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

To top