Македонија

Шефот на Регулаторна: Евтина струја да има и во сабота!

Правиме анализи бидејќи и во сабота и во недела практично имаме вишок на енергија што го потврдуваат и цените на електричната енергија на берзата, вели вели Ацо Ристов, претседател на РКЕ во интервју за МИА

„ И сабота и недела се периоди во кои најголем дел од индустријата не работи поради што има вишок на енергија на пазарот која може исто да биде менаџирана.

Ова е добра идеја која вреди да се разгледа покрај во недела да има евтина тарифа и во сабота. С’е е на маса – едноставно го отвораме процесот и како ќе биде на крај и какви ќе бидат параметрите јавноста навреме ќе биде информирана.

Ќе одиме со предлог за кој ќе има јавна дебата и нема да направиме ништо преку ноќ и да кажеме од утре ова така ќе биде. Ќе оставиме месец до два да издискутираме се заедно и доколку е исклучиво поволно за граѓаните ќе одиме  во негова примена и никако на друг начин“ вели Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) во интервју за МИА и нагласува дека е добра идеја покрај во недела да има евтина тарифа на електричната енергија и во сабота.

„Идејата на Регулаторот е да направи ревизија на блок тарифите кои се воведени за време на енергетската криза во 2022 година, бидејќи во меѓувреме многу се променети работите во енергетскиот систем и сектор. Затоа мислиме дека има простор да се направи ревизија се со цел некако да се внесат во мрежата, односно во конзумот новите трендови на производство на електрична енергија од обновливи извори.

Генералната идеја е граѓаните да плаќаат пониски сметки за потрошената електрична енергија, вели претседателот на Регулаторната комисија 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

Поделба, федерализација, размена на население – Ахмети, Бучковски, Тачи и Георгиевси со четири верзии за 2001

Прославата на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор организирана од ДУИ отвори едно од најчувствителните прашања од конфликтот во Македонија во 2001 година – дали во текот на кризата постоел план за поделба на Македонија. Според последните изјави на Али Ахмети, Владо Бучковски и Мендух Тачи се појавуваат три различни толкувања, а во целата приказна повторно се враќа и улогата на Љубчо Георгиевски и на идеите што тогаш се поврзуваа со МАНУ.

To top