Македонија Спорт

Лина ќе освои најмалку 110 илјади евра со влезот меѓу 128 тенисерки на Вимблдон

Откако Лина Ѓорческа се пласира на главниот турнир на Вимблдон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со историскиот успех и квалификациите за главната жрепка на Вимблдон освои најмалку 110 илјади евра или една петина од затаботката во нејзината цела кариера.

Со победата во финалето на квалификациите против Лучија Бронцети, 31-годишната Тетовка станува првата Македонка која ќе настапи на главниот турнир на „Светиот терен“ во последните години со што и се гарантирани 80.000 фунти (околу 6,8 – 7,2 милиони денари).

Само за учество на главниот турнир, Лина ќе инкасира £80.000 (околу 110.000 евра), дури и во случај на пораз во првото коло. Ова е значително финансиско признание за нејзиниот напор и квалитетен сезонски перформанс.

Наградниот фонд на Вимблдон 2026 изнесува рекордни 64,2 милиони фунти.

Во зависност од понатамошниот успех, Лина може значително да го зголеми својот заработок:

1. коло: £80.000
2. коло: £126.000
Осминафинале: £185.000
и така натаму, со шампионскиот чек од 3,6 милиони фунти.

Овој успех претставува круна на долгогодишната работа и посветеност на Лина, која во изминатиот период покажа одлична форма и континуиран напредок на рангирањето.

Најнови вести од: Македонија Спорт

To top