
Македонскиот фудбалски првак Шкендија славеше со 1:0 против романски ФЦСБ во првиот натпревар од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Стрелец на единствениот гол на Националната арена „Тодор Проески“ беше играчот за врска од Нигерија, Адаму Алхасан, во 65. минута, а мечот го обележаа и црвените картони на Камер Чака од Шкендија во 70. минута и на Флорин Танасе од ФЦСБ во 79. минута.
Гостите упатija 21 удар кон противничкиот гол наспроти деветте на тетовци, кои, сепак, патуваат со предност на реваншот со некогашниот европски шампион порано познат како Стеауа.
Возвратниот дуел е закажан за 30 јули од 19:30 ч. на Националната арена во Букурешт, каде што пред четири години репрезентацијата на Македонија дебитира на големите натпреварувања со средбите против Австрија и Украина на Европското првенство.