БТА наведува: Манол Глишев, еден од организаторите на настанот, им изјави на новинарите дека затворањето на парламентарниот комитет за досиеја на тајната полиција и парламентарниот комитет, одговорен за прашања поврзани со децата и семејството, ја затвора вратата на Бугарија и кон нејзиното минато и кон нејзината иднина. Методи Лалов, еден од говорниците на протестот, изјави дека „Бугарија нема да му служи на рускиот претседател Владимир Путин“. Тој го обвини Радев дека е „кукавица, исто како претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов, и претседателот на МРФ Делјан Пеевски„. Лалов ја критикуваше опозицијата за нејзиното отсуство од протестот.

Бугарскиот информативен портал Медијапул“ објави: Првиот протест против владата на Румен Радев во саботата навечер собра стотици луѓе кои побараа негова оставка, извикувајќи „Ова не е Москва“ пред зградата на Советот на министри. Според нив, премиерот Румен Радев, кој стапи на должност на 8 мај оваа година, е „штетен за Бугарија“, а владата е „неспособна и криминална.“ Присутните на протестите побараа оставка од целиот владин кабинет кабинет, поради „погрешни политики“. Луѓето објавија дека се чувствуваат „измамени од Радев, по предложениот нацрт-буџет за оваа година и првите домашни политички одлуки“.
„Целата влада на Радев е исткаена од грешки и како луѓе и како политичари. Грешки во надворешната политика, грешки во внатрешната политика, буџетот. Сè е ужасно. Ако Радев остане на власт, претпоставувам дека до зима во Бугарија ќе биде многу, многу лошо!“ – изјави еден демонстрант за Бугарското национално радио. „Она што го прават е неприфатливо. Имаат грешки во предложениот буџет. Ова е некомпетентност.“ – додаде друго лице на протестот пред Советот на министри.
Барања на протестантите на антивладините демонстрации во Софија вчера: „Чичо Румен, оди си со мир!“

„Сакаме да ја собориме владата на Радев, затоа што е многу штетна за Бугарија, затоа што го тргна патот кон Русија. Ние не ја сакаме Русија, ние ја сакаме Европа.“ – рекоа други незадоволници-протестанти. Методи Лалов, кој е говорник на протестот, рече дека Бугарија нема да му служи на рускиот претседател Путин. Според него, „Радев е лажливец, како Бојко Борисов и Делјан Пеевски“. Лалов ја критикуваше и опозицијата ,бидејќи не присуствуваше на овие антивладини демонстрации.
Полицијата не им дозволи на демонстрантите да влезат во Советот на министри. Протестот беше однапред најавен на социјалните мрежи, каде што 900 луѓе изјавија дека ќе присуствуваат, а уште 8.000 изјавија дека се заинтересирани за демонстрациите. „Радев не е само бугарскиот Орбан. Тој е и бугарскиот Јанукович. Владеењето на ваквите руски агенти води до војна ако не бидат соборени на време“, напишаа организаторите во информациите за настанот на Фејсбук. Според нив, премиерот Румен Радев, кој ја презеде функцијата на 8 мај оваа година, е „штетен за Бугарија“, а владата – „неталентирана, криминална и корумпирана“.

Мотивите на организаторите за демонстрациите се: Во месецот што е на власт, партијата на поранешниот претседател Радев успеа да: ја дискредитира Бугарија пред своите сојузници; да земе уште еден огромен заем што сите ќе го плаќаме со години; да ги излаже сопствените поддржувачи; да ја ослабне одговорноста на владата кон Народното собрание. Од друга страна, Радев и неговите луѓе не успеаја да: преземат никакви чекори против Борисов и Пеевски; предложат пристоен државен буџет.
„Радев ја доби власта со помош на олигарси и добро прикриена изборна измама. Но, тој не знае како да владее. Бугарија ја гледа неговата неспособност. Но, покрај тоа, тој сака да ја врати Бугарија во руската сфера на влијание – а тоа е веќе криминално. И покрај Радев и неговата очигледна зависност од руската амбасада, Бугарија е европска земја“, се вели во информацијата за протестот, , објави бугарскиот информативен портал „Медијапул“.
Фотографии на БТА