
Бугарија ќе ја засилува безбедноста на своето крајбрежје со систем за противвоздушна одбрана (ПВО) со ракети НСМ (Naval Strike Missile), откако Стејт департментот на САД ја одобри потенцијалната продажба за 620 долари.
Од официјалното соопштение на американската Агенција за соработка во областа на одбраната произлегува дека во зделката со Владата во Софија станува збор за една батерија НСМ. Таа вклучува како ракети и лансирни рампи, така и дополнителни машини за опслужување на комплексот базиран на брегот, како и делови, поддршка и обука.
НСМ е мобилен систем за ПВО, кој штити од дронови и од крстосувачки ракети, односно обезбедува заштита од закани како тие во војната меѓу Русија и Украина.
Нарачката ќе биде извршена од норвешката компанија „Конгсберг“, но неопходна е дозвола од САД зошто патентот за овие крајбрежни комплекси е регистриран таму. Ракетите за нив, пак, ги произведува американската компанија „Рејтеон“.
Во моментов поморските сили на Бугарија располагаат со крајбрежните ракетни комплекси „Рубеж“ произведени во 1980-тите.