Во објава насловена , НАМЕСТО КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПЕЧАТ”, Иван Стоилковиќ министер за односи меѓу заедниците и водач на Демократската партија на Србите во Македонија открива сигурна промена во владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Стоиљковиќ вели дека е извесно дека тој заминува од владата на Мицкоски без да даде повеќе детали.
За две години Стоиљковиќ успеал за три пати да ги намали трошоците кои ги наследи од Артан Груби.
Според најавата од ВЛЕН ова Министерство ќе добие министер Албанец.
,,Пред веќе извесното заминување од МОЗ нека остане забележано дека од “сива зона” на системот денеска Министерство со нова систематизација средено и организирано го оставам на мојот наследник.
Од многуте работи би сакал да потенцирам две: ПРВАТА, која се однесува на целосно кратење на ненаменските трошења на буџетски средства. На пример. Буџетот на МОЗ во 2021 година изнесувал 577.780.000 денари, во 2026 година Буџетот на МОЗ изнесува 173.500.000 денари, односно во споредба со 2021 година е намален за 3 пати повеќе.
Притоа, без оглед на смалувањата реализирани сите програми, плус воведена е нова Програма. Ова значи кратење на средства кои претходно биле користени за т.н. „коруптивни” цели и дека повеќе нема трошење пари на граѓаните за фиктивни јавни набавки, на пример, за угостителски услуги, за консултантски услуги, сомнителни договори за дело, исплата на додатоци за плата и на К-15 на лица кои не одат на работа итн…и ВТОРАТА, целосно затворање на Програмата К-5.
До доаѓање на оваа Влада поранешниот министер злоупотребувајќи ги недоследностите во законската регулатива и т.н. балансер, функционирале по принципот “седи дома и земај плата”, на пример во 2021 година станува збор за повеќе од 1500 лица кои земале пари од граѓаните и не оделе на работа.
Со Буџетот од 2026 година процесот на прераспределба на административните службеници е целосно завршен, а Програмата К-5 е укината. Така да во овој момент завршено е со пристапот “седи дома, земај плата” и рационализиран е бројот на вработените во МОЗ.
Со новиот Закон за соодветна и правична застапеност којшто е во собраниска процедура, ќе се обезбеди почитувањето на принципот на правична застапеност како основа за инклузивност и еднакви можности во јавниот сектор и гарантирање на стручност, компетентност и квалитет при вработувањето.
Ова е од клучно значење за градењето на професионална јавна администрација која треба да биде двигател на општествениот развој и поддржувач на реформските процеси во земјата, објави Иван Стоилковиќ.