Македонија

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари

МВР

Денеска (29.06.2026) полициски службеници од СВР Куманово, СВР Штип и Полициското одделение Чашка на подрачјата на општините Липково, Берово, Свети Николе, Пробиштип и Чашка реализираа превентивни активности за заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, како и внимателност при извршување земјоделски работи.

На граѓаните им беше посочено дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и сл. со цел брза и навремена реакција. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, кое соодветно законски се санкционира. Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци и ОВР Делчево во Кавадарци и Делчево пак, реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози технички исправно возило“, при што, беше нагласена обврската за редовно одржување на техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот, додека полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Неготино, во Неготино реализираа превентивна активност на тема „Користи сигурносен појас“, нагласувајќи ја обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи.

Притоа, на возачите им беше укажано дека користењето на сигурносен појас е законска обврска како за нив, така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во Скопје денеска реализираа превентивни активности насочени кон возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди, при што возачите беа потсетени на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, особено за обврската за носење заштитен шлем.

Во Виница, превентивните активности беа насочени кон запознавање на граѓаните со последиците што можат да настанат доколку користат мобилен телефон додека управуваат возило. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.

Најнови вести од: Македонија

Собранието го усвои Законот за игри на среќа – 500 метри оддалеченост од училишта и строги правила за реклами

Со овој Закон е воведувањето задолжителна одалеченост од 500 метри помеѓу објектите на среќа и училиштата, како и регулирањето на давањето подароци, т.н „giveaway“ активности.

В среда последно збогум за Владо Јаневски

Јаневски беше првиот македонски претставник на Изборот за песна на Евровизија во 1998 година со песната „Не зори зоро“, а во текот на кариерата доби бројни признанија, меѓу кои и наградата за трајни музички вредности на годинашното издание на „Златна бубамара на популарноста“.

(Видео): Основната потрошувачка кошничка во Македонија е најевтина во Европа, рече премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека најновите податоци на Евростат, според кои основната потрошувачка кошничка во Македонија е најевтина во Европа, ги демантираат критиките дека државата не бележи напредок.

To top