Хроника

Четири загинати на прослава на победата на Мексико над Еквадор

Повеќе од 1.600 луѓе добија медицинска помош на стадионот „Ацтека“, каде што се играше натпреварот, и на прославите низ градот поради разни повреди, вклучувајќи скршеници и труење со алкохол

 

Четири лица ги загубија животите за време на прославите за победата на Мексико над Еквадор на Светското првенство, соопштија властите вчера.

Мексиканската фудбалска репрезентација се пласираше во осминафиналето на Светското првенство откако го победи Еквадор со 2:0 пред домашните навивачи во Мексико Сити

30-годишен маж почина од срцев удар, а други биле презгазени во толпа која се собра во центарот на Мексико сити.

Маж (44) и девојка (19) се задушија на улица, соопштија службите за итни случаи на главниот град на нивната веб-страница.

Градоначалничката Клара Бругада ги повика навивачите да „прославуваат одговорно, внимателно и со емпатија“.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изрази длабоко жалење за трагичните настани.

Повеќе од 1.600 луѓе добија медицинска помош на стадионот „Ацтека“, каде што се играше натпреварот, и на прославите низ градот поради разни повреди, вклучувајќи скршеници и труење со алкохол.

Најнови вести од: Хроника

Шест возачи уапсени, 262 казнети: акција на МВР низ Скопје и контроли на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли

Во текот на изминатата вечер и ноќ, од 21 кон 22 август, полицијата во Скопје казнила 262 возачи во рамки на засилена сообраќајна контрола, со посебен акцент на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли. Акцијата била спроведена од 18 часот до 1 часот по полноќ од Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје.

ДЗР: Студентскиот дом „Пелагонија“ го плаќал лебот по 126 денари за килограм! – Малверзации и кај душеците за студентите!

Државниот завод за ревизија утврдил повеќе, како што наведува, малверзации и недоследности во јавните набавки при работата на студентскиот дом ,,Пелагонија” во Кисела Вода, при што најмногу во очи паѓа сознанието дека домот набавувал леб по цена од 126 денари за килограм!

To top