На социјалните мрежи се прошри вознемирувачкао видео на кое се гледа како исплашено, бездомно куче „се фрла“ од зграда за да избегне натамошно малтретирање од лица од зграда во изградба во Гостивар.
Очевидци тврдат дека кучето се обидувало да избега од лица кои работат на градилиштето, и кои, според нивните наводи, го удирале и го бркале низ објектот во градба.
Според истите тврдења, кучето влегло во објектот во изградба барајќи засолниште од високите температури. Наместо безбедно место, наводно било бркано, по што во паника почнало да бега кон повисоките катови.
Кога стигнало до последниот кат, без можност за понатамошно бегство. уплашено, според сведоците, кучето скокнало од зградата пред поголем број присутни лица, кои останале шокирани од случката.
Надлежните институции сè уште не излегле со официјални информации за околностите под кои се случил инцидентот. Исто така, засега нема потврда дали случајот е пријавен во полиција или до Агенцијата за храна и ветеринарство.