Службеното возило Ауди А6 кое неколку години го користеше поранешниот градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко, денеска е продадено на јавна аукција.
Возилото е продадено за 1.350.000 денари (околу 22.000 евра), а средствата ќе бидат искористени за отплата на дел од старите долгови на Општина Струга. Ова за Алсат го потврди актуелниот градоначалник Менди Ќира.
Продажбата на возилото беше едно од првите ветувања на Ќира по стапувањето на функцијата. Меѓутоа, во меѓувреме автомобилот беше запленет од извршител од Охрид поради финансиски обврски на општината.
Возилото е купено пред шест години, а почетната цена на аукцијата беше објавена на 10.000 евра.